Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Бугарија.
Тој во Софија со највисоки државни почести ќе биде примен од претседателот на Бугарија, Румен Радев. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок. Претседателот Иванов, придружуван од претседателот Радев, ќе положи венец пред Споменикот на непознатиот војник во Софија.
За време на официјалната посета на Бугарија, претседателот Иванов ќе оствари средба со претседателот на Народното собрание на Бугарија, Цвета Карајанчева, со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов и со аменик претседателот на бугарската Влада и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Претседателот Иванов, за време на официјалната посета на Бугарија ќе го посети македонскиот Културно-информативниот центар во Софија, каде е предвидена средба со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Бугарија.