Македонско, наше е: Вистинскиот вкус се препознава во производите на МИ ,,Осогово милк“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/20 8:02 AM

Македонско, наше е: Вистинскиот вкус се препознава во производите на МИ ,,Осогово милк“

Млекарницата ,,Осогово милк“ е составен дел од трговското друштво ,,Јого Меркур“, компанија која што повеќе од 30  години опстојува на македонскиот пазар и од самото формирање се занимава со промет и производство на млечни производи.

Во состав на компанијата работи и производствениот погон  Млечна индустрија „Осогово милк“ со капацитет од 25.000 литри дневно. Млекарницата е лоцирана на падините на Осоговските планини  во релативно чист регион далеку од индустриски објекти.

Основни факти за Млечна индустрија „Осогово милк“

  –Покрај стандардните производи кашкавал и сирења кои што се присутни  низ маркетите во целата земја, асортиманот е збогатен и со ексклузивни млечни производи како што

-Кашкавал овчи Ексклузив , чаден кашкавал Осоговски, козји кашкавал , како и сирења, урда со пиперки, павлака, топени сирења, намази како и најновите производи јогурт и кисело млеко.

-Осоговските млечни производи се единствени на пазарот со својот карактеристичен вкус кои се вклопуваат во македонската традиција на преработка на млечни производи.

Уште неколку факти за Млечна индустрија „Осогово Милк“

Производствените капацитети каде се произведуваат осоговските млечни производи имаат имплементирано европски стандарди за безбедност на храна HASSAP  и ISO 9001 : 2000.

И покрај отежнатите услови за работа за времен на пандемијата, компанијата успешно се справува со новиот предизвик, работи со ист капацитет иако дел од вработените поради спроведените мерки, беа ослободени од работа ,за навремено да ги испорача производите кон своите клиенти.Истовремено обврските кон вработените во однос на плати ги исполни навремено во целост, без да ги искористи олеснувањата од институциите.

Вистинскиот вкус се препознава во производите збогатен и со мирисите од падините на Осоговските планини.

 

Македонско, наше е – проект на Канал 77, како општествено одговорен медиум, во придонес на македонските компании во здравствено – економската криза со ковид 19. Ви ги претставуваме македонските компании и нивните бреднови.