Иванишевиќ: Политичарите на нас собираат поени, Ноле не е виновен – ММС
ММС

Објавено на: 06/24/20 7:52 AM

Иванишевиќ: Политичарите на нас собираат поени, Ноле не е виновен

Горан Иванишевиќ, тренер на Новак  Ѓоковиќ и директор на турнејата „Адрија“ во Задар, истакна дека сите во организацијата се чувствуваат одговорни, но тој смета дека не е во ред целата вина да падне врз нив.

“Се чувствуваме одговорно, ова беше една голема одлична работа. И жал ми е за сите заразени, но на некои работи не може да се влијае, како и на оваа. Единствено што ме мачи е дека ние сме главни виновници и луѓето собираат политички поени врз нас, а во Задар има најмалку заразен “, рече Иванишевиќ.

Иванишевиќ открива дека се слушнал со Новак, откако првиот рекет во светот открил дека со неговата сопруга Јелена  биле позитивни на коронавирусот.

„Се слушнавме  и не му е лесно . Се носи многу добро, ако ги погледнеме околностите. Тој ќе издржи сè, силен е, но не му е лесно“, вели Иванишевиќ.

Легендарниот Хрват објасни зошто Новак не сакал да биде тестиран во Задар.

“Бидејќи на денот кога се случи тоа, по препорака на надлежните, ни беше кажано дека секој играч може да биде тестиран во својата матична  земја. Така и  тој, одлучи да замине во Белград. Играчите заминаа на своја рака да направат тест. Зошто играчите не се тестираа пред да дојдат во Задар? Затоа што немаше потреба. Тоа го рече и министерот Берош. Никој немаше никакви симптоми “.

Текст и фото: kurir.rs