Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска пред отварањето на баровите и рестораните, како мерка за безбедност порача вработените во рестораните да земаат лични контакти од гостите, за подоцна да можат да бидат известени доколку некој кој бил во нивна близина се тестира позитивно на новиот коронавирус.
Џонсон ги охрабри рестораните да ги запишуваат имињата на посетителите.
– Се надевам дека ова е нешто што луѓето ќе го разберат. Ние сакаме да соработувате и вие и бизнисите, за да можеме да функционираме, изјави Џонсон и додаде дека е од големо значење да можат да го следат вирусот за да може да се спречат нови жаришта.
Тој кажа и дека сака луѓето да „ги искористат слободите кои со право ги имаат, но дека мора да се однесуваат одговорно“.