После четири години поминати во Париз, белгискиот десен бек Томас Меуние ќе ја смени средината и ќе премине во редовите на Борусија Дортмунд.
Дваесет и осум годишниот дефанзивец беше еден од играчите на Париз Сен Жермен кои не сакаа да потпишат краток нов договор со клубот, заедно со Тиаго Силва и Единсон Кавани и со самото тоа како слободен играч ќе замине во Бундесот.
Сезоната во најдобрата германска лига започнува на 21 август, а Меуние со неговиот нов тим ќе дебитира против екипата на Хофенхајм.