Руска политичарка си го убила 12-годишниот син, го забетонирала во темели на куќа, па го пријавила за исчезнат – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/20 9:51 AM

Руска политичарка си го убила 12-годишниот син, го забетонирала во темели на куќа, па го пријавила за исчезнат

Полицијата во Астрахан ја уапси Галина Морозова поради основано сомнение дека крвнички си го убила својот 12-годи[ен син по расправија. Според пишувањето на руски медиуми, a пренесува сараевски „Аваз“, осомничената за убиството е позната политичарка која се кандидираlа за градоначалничка, а била и пратеничка во регионалната Дума.

Таа наводно го признала злосторството и на полицијата и’ признала каде ги сокрила теговите со кои го удирала својот син додека не починал, како и каде го сокрила неговиот мобилен телефон пред да го пријави исчезнувањето на синот во полиција.

Политичарката го убила синот на почетокот на март откако го ударила со тег по расправија и му задала смртоносни повреди. Телото на момчето е пронајдено во петокот на 19 јуни заѕидано во темел на куќа во изградба на неговиот постар брат.

Откако со денови на детето не можела да му најде трага, полицијата соопштила дека има сомнежи оти е грабнато или убиено. По три и полмесечна потрага, неговото тело го најдоа заѕидано во темелите на куќата.

Морозова и нејзиниот сопруг додека траела истрагата повеќепати ја мамеле полицијата, кажувајќи дека нивниот син го виделе на безбедносна камера како се „вртка околу куќата“ и слично,

Уште не е познато како детето завршило заѕидано во темелите на куќата. Предметот со кој е извршено злосторството, како и мобилниот телефон на 12-годишникот се пронајдени на дното на река.