При рушење на стар објект, пронајдени се неексплодирана направа и муниција од Првата светска војна од турско потекло. По пријавата, тие се подигнати и ќе бидат уништени од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
,На 21.06.2020 во 13,40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(56) од Штип пријавил дека при рушење на стар објект на ул.„Христо Ботев“ во Штип пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата Светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип пронајдената експлозивна направа и муниција се подигнати за понатамошна постапка,“ информираат од ДВР Штип.