Продолжува променливото и нестабилно време – ММС
ММС

Објавено на: 06/22/20 5:49 AM

Продолжува променливото и нестабилно време

Претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 30 степени. УВ=7. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.