(Видео) Секој што ќе се приближи до каменот-умира! Мистерија која го плаши месното население со векови – ММС
ММС

Објавено на: 06/21/20 6:04 PM

(Видео) Секој што ќе се приближи до каменот-умира! Мистерија која го плаши месното население со векови

Во близина на популарниот термален извор Насу, во јапонскиот дел на Точиги се наоѓа една од најголемите мистерии – смртоносниот камен. Легендата вели дека сите што дошле во контакт со него – умираат. Мештаните се плашат од овој необичен феномен, бидејќи се верува дека тука лебди духот на убавата жена по име Тамамо Но Меи.

Тамамо Но Меи е добро познато име во јапонскиот фолклор поврзан со лисиците. Јапонците веруваат дека тоа се многу интелигентни и лукави животни кои имаат можност да ја променат својата форма, пренесува порталот „Penquifer“. Според легендата, лисицата станала убава жена во средината на 18 век за да го заведе јапонскиот император. Тамамо Но Меи станала љубовница на императорот и предизвикала колапс на династијата Шанг, но, исто така, убила и илјадници мажи во античкото индиско кралство наречено Магада.

Кога нејзиниот вистински идентитет бил откриен, од една убава жена Тамамо Но Меи станала смртоносен камен по име Сесеки, кој ги однел животите на сите што му приоѓале.

Приближувањето кон каменот и денес е сè уште забрането. Сепак, објаснувањето за оваа забрана е многу едноставно. Областа во која се наоѓа каменот е позната по силната вулканска активност и производството на токсични гасови како што се водород сулфид и сулфур оксид, што може да биде штетно за здравјето на луѓето.

И покрај тоа што поголема е веројатноста отровните гасови да предизвикаат многу смртни случаи во таа област, во минатото локалното население го изградило олтарот на Сешошеки само за да се обидат да ги смират духовите на убавата, но смртона Тамамо Но Меи, пренесува порталот  „Penquifer“.