Загреб се одлучи за алтернативен вид на превоз. Се плашат да се возат во градските автобуси и ширење на вирусот.
Пандемијата со корона вирусот, ограничувањата во јавниот превоз и страв од гужви довеле до тоа во Загреб тешко да се дојде до велосипед повеќе.
Во еден меѓународен трговски ланец кој продава спортска опрема, во одделот за велосипеди и опрема за велосипедизам е потполно празен.
Во ланецот на продавницата изјавиле дека продаваат се поголем број на велосипеди и дека граѓаните купуваат повеќе видови превозни средстава што се на две тркала.
Малку поинаква ситуацијата е во специјализираните продавници кои продаваат нешто поскапи велосипеди. Во една од овие продавници изјавиле дека оваа година за месец ипол продале повеќе велосипеди како за пола 2019 година.