Не е лесно да се најде активност која им се допаѓа на младите, возрасните и постарите, но тоа е можно. Пешачење, на пример, покрај тоа што е одлична аеробна активност, е практивно за секој без разлика на возраста или способната и навиките за вежбање. Семејните прошетки се одлично време за разговор и релаксација, дружење со сите кои најмногу ги сакате.
Пешачењето е одлична аеробна вежба која можете да ја направите во секое време, насекаде!
6 причини зошто пешачењето е одлично за твоето здравје
Пешачето е практичен начин за физичка активност за да бидете поздрави. Брзото одење го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 кај жените, според истражувањето објавено во Journal of the American Medical Association.
Значи, покрај зајакнувањето на вашето тело, пешачењето може да помогне во спречувањето и на разни болести.
Секогаш ќе уживате додека пешачите. Експертите тоа го нарекуваат приврзаност. Другите тоа го нарекуваат посветеност. Според Американскиот колеџ за спортска медицина, луѓето имаат тенденција да се држат до програма за пешачење долгорочно многу повеќе отколку други вежби. Впрочем, можете да пешалите насекаде, без посебна подготовка и опрема за вежбање.
Пешачењто „не предизвикува болка“. Вашето тело ќе ви се заблагодари за изборот на овој вид физичка активност, без поголем стрес и со низок ризик од повреда. Влијанието на трчањето врз зглобовите е околу три пати поголемо од самата ваша телесна тежина, додека пешачењето влијае само околу 1.3 пати повеќе од вашата телесна тежина. „Пониското влијание значи дека има помал ризик дека ќе имате болки во мускулите, болки во зглобовите и друг стрес за телото”, објаснува д-р Бах.
Пешачењето има и одлична социјална компонента. Нема подобар начин да се потроши време за озборувања, бизнис-планови и размена на идеи или консултација за идеја со некој пријател. Наместо да се сретнете на ручек со седење и јадење, пробајте и пешачете. Или ако сте во преморени и нервозни, пешачењето е одличен начин да се релаксирате и повторно да се активирате со истото темпо следниот ден.
Тоа е изговор-доказ за сработен тренинг. Пешачењето е евтино и лесно. Не е потребно членство во сала или скапа опрема или тренер.
Една нова студија од Американската академија за неврологија објавува дека пешачењето може да го одржи задржи умот во топ форма додека старееш. Истражувачите ги тестирале когнитивните способности на 5.925 жени на возраст од 65 и повеќе години, а потоа ги тестирале повторно шест до осум години подоцна. Нивниот наод: жените кои оделе во просек 30 километри неделно имале најмалку когнитивен пад. Жените кои рекле дека оделе најмалку – само 1 км неделно – покажаленајголем пад.
Во една неодамнешна студија, која вклучува 40.000 жени, учесниците на студиите кои пешачеле малку, само по еден час неделно, имале значително помал ризик од срцеви заболувања од оние кои не го правеле тоа. Пешачењето еден час неделно со умерено темпо може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 50%.