Основен рецепт во кој може да додадете и други состојки како пршута, печеница или шунка.
Потребно:
1 чаша (од јогурт) пченично брашно
1 чаша пченкарно брашно
1 лажичка сол
1 лажичка прашак за пециво
пола лажичка сода бикарбона
2 јајца
3 лажички млеко
120gr путер
4-5 лажички маслиново масло
150gr фета сирење
печена иперка (по желба)
печеница, пршут или шунка (по желба)
Подготовка:
Сите суви состојки измешајте ги во еден сад, а течните во друг, тука спаѓаат јајцата и стопениот путер.
Измешајте ги течни состојки со сувите, потоа додадете ја изренадана тиквица, сирење исечено на коцки и останатите состојки доколку сакате.
Премачкајте го кугловот и ставете ја смесата во него. Печете 35 до 40 минути на температура од 200 степени Целзиусови и задолжително ставете го да се пече во веќе загреана рерна.