Приказната на момчето херој: Спасува кучиња со инвалидитет и им овозможува достојна старост – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/20 2:44 PM

Приказната на момчето херој: Спасува кучиња со инвалидитет и им овозможува достојна старост

Доколку би имало повеќе луѓе како Јовица Жнидариќ овој свет би бил вистински рај! – Тој спасил околу 50 кучиња со инвалидитет од сигурна смрт, а за многу од нив кажано е дека нема да проодат и дека еутаназија е единственото решение. Со секојдневна помош и посветеност кучињата успеале да проодат. Јовица им овозможил достоинствена старост и на отфрлените кучиња кои служеле за сурова борба на кучиња, а денеска се вистински миленици.


Ова момче од Краљево моментално одгледува околу 100 кучиња, од кои 15 се инвалиди, со помош  на останатите членови на Здружението за заштита на животните „Спаске“. Секој од овие кучиња со себе носи тажна животна приказна и спасени се од сурови услови и уште посурови сопственици.

Одлуката за својот живот да го посвети на спасување хендикепирани кучиња Јовица ја донел бидејќи му починало првото куче со инвалидитет.

„Од секогаш сакам животни, посебно кучиња. Нада моето прво куче со инвалидитет беше посебна. Се направивме да ја спасиме. Стигна до Франција, за жал таму почина бидејќи туморот на главата беше преголем. Таа беше еден вид пресвртница во мојот живот. На секое куче му го знам името, но и карактерот. Точно знам кој со кого се дружи, каде спие, што сака да јаде, како кое куче реагира на непознати луѓе“, раскажува Јовица за „Српски Телеграф“.


Освен неподвижни кучиња, во неговиот двор живеат и спасени кучиња од кучешки борби, изгладнети, стари и отфрлени. Секој ден им помага со специјализирани вежби, со голема љубов и посветеност. Голем број на отпишани и потполно неподвижни кучиња успеале да проодат.

Скоро сите кучиња се мешани, имаме само две расни кучиња со подеднакво тешки животни приказни. Една од нив е женка кој била малтретирана до „смрт“ и користена исклучиво за парење и правење пари. Поради крајните не хумани услови, останала парализирана и сопствениците ја оставиле на улица. Единствено што можев да направам е да и овозможам шанса за живот и остатокот од животот да го помине достоинствено. За моја голема среќа, успеа да прооди и денеска е едно среќно и полно со живот куче. За сега постигнавме многу добри резултати бидејќи од 20 кучиња, за кои е кажано дека никогаш нема да проодат и дека еутаназијата е единствено решение, од нив 15 проодеа. Со оглед на тоа дека доаѓаат топли денови, наскоро ќе им поставиме базени за вежби во вода, кои погодно им влијаеа на работата на мускулите“, објаснува ова хумано момче.


Најстарото куче е бит бул по име Каја со прекрасни црни очи, стара е 13 години. Спасена е од борби на кучиња. Со години гладувала, трпела константни болки од рани и живеела во страшни услови. Благодарејќи на Јовица, Каја старечките години ги поминува како куче миленик, а другите кучиња ги доживува како пријатели за игри, а не како противници во борба.

За жал повеќето хендикепирани кучиња, поради здравствени проблеми  не ја дочекуваат староста и живеат по кратко од другите здрави кучиња, што за Јовица е најголемата болна точка. И покрај деталните ветеринарни прегледи, разделбата со четириножните пријатели често следува неочекувано, како гром од ведро небо.

Според неговите зборови, интересот на луѓето во Србија да вдомат старо или куче со инвалидитет скоро и да не постои, а она што посебно го боли е дека многумина земаат расни кучиња од помодарство и не се свесни дека кучето не е играчка која утре кога ќе порасне и нема да биде мало и слатко , ќе го фрлат на улица.