Мајката на Мицкоски е позитивна на короновирус – ММС
ММС

Објавено на: 06/20/20 1:26 PM

Мајката на Мицкоски е позитивна на короновирус

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Струмица информираше дека неговата мајка е позитивна на вирусот КОВИД-19, потенцирајќи дека тин не се видел со неа  подолг период имајќи го предвид ризикот на кој еизложен поради секојденвните средби и разговори.

– Мајка ми е позитивна. Точно е, веќе неколку дена, ние се немаме видено. Направено е епидемиолошко интервју со нејзе. Луѓето кои биле во нејзина близина ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој секојдневно сум изложен, бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам. За жал, точно е, таа веќе неколку дена, би рекол пет-шест дена е во домашни услови. И посакувам добро здравје. Ете и кај нас во семејството, за жал, ја почувствувавме директно ова пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ни сме тука да и ги олесниме деновите што идат во борбата против овој вирус, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање дали е точна информацијата дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот при денешната посета на Струмица.

Додаде дека им посакува на сите граѓани многу здравје и да се чуваат, бидејќи, како што рече, тој како некои други политичари нема така лесно да ја реалативизирал таа работа, бидејќи вирусот е сериозен.

-Имајќи ја предвид неспособноста на Владата, имајќи ја предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија и таа на дневна основа е се повеќе присутна меѓу нас. Но, и тоа е уште еден мотив повеќе за мене да излезам до 15 јули и да разговарам што е можно со повеќе сограѓани, да ги убедам на 15 јули да ја поразат оваа неспособна власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.