Извини што родив четврто дете- Се породила а не знаела дека е бремена, четири теста биле негативни – ММС
ММС

Објавено на: 06/19/20 10:16 PM

Извини што родив четврто дете- Се породила а не знаела дека е бремена, четири теста биле негативни

Мајката на три деца цело време имала редовни менструални циклуси, а за малку поголемиот стомак, докторката и рекла дека најверојатно има циста. Сепак, се покажало дека таа е всушност бремена.

Грејс Мичим (32) со години редовно земала контрацептивни средства, и никогаш не се посомневала дека може да забремени, мислејќи дека е целосно заштитена. Но, една вечер го доживеала најголемиот шок во нејзиниот живот – одеднаш вода почналаа да истекува од неа, отишла во тоалетот и сфатила дека се пораѓа.  Грејс и нејзиниот сопруг Џејмс(34) се согласиле дека ќе имаат само три деца и ја постигнале целта, па дури и планирале Џејмс да се подвргне на вазектомија за да може Грејс да престане да користи хормонална контрацепција. Сепак, пред шест месеци, Грејс се разбудила среде ноќ со необично чувство и станала да испие парацетамол. Она што не знаела во тоа време е дека била 37 недели бремена а сама себе се измамила од тоа што стомакот не и бил „специфична форма за бременост“.

Меѓутоа, кога седнала на тоалетот, сфатила дека нејзиниот водењак пукнал и таа почнала да вреска. Сопругот и најстариот син Тајлер (13) веднаш се разбудиле и притрчале да помогнат. Грејс им викнала: „Повикајте брза помош, доаѓа нешто“. Само неколку моменти откако ги повикал болничарите, Џејмс истрчал во тоалетот и го нашол своето новороденче, девојче по име Сиена.

Така, Сиена ср родила на изненадување на сите, како совршено здраво бебе со тежина од 3.300 грама, иако не била на лекаркса контрола ниту еднаш за време на бременоста.

„Сè што се случи беше неверојатно, не чувствував никакви болки, воопшто ништо, само порив да туркам и одеднаш се породив, скоро веднаш“, рече Грејс.

Среќните родители мислат дека бебето е Божји дар и секако посебен, а Грејс вели дека е вистинско чудо што воопшто не знаела дека е бремена, иако пред тоа родила три деца. Без оглед колку се среќни, тие велат дека дефинитивно нема да имаат повеќе деца, а како најсмешен детал, Џејмс вели дека било кога Грејс во текот на раѓањето цело време  велела „извини“, како да е таа виновна затоа што го раскина договорот  „да не се проширува веќе семејството“.

Како не знаела?

Во месеците пред породувањето, Грејс имала редовен циклус и редовно земала контрацептивни средства. Таа забележала дека стомакот и е отечен и дека направила три тестови за бременост за секој случај, но сите тие биле негативни. Таа, исто така, била на лекар по општа пракса, кога била во петтиот месец од бременоста, која и дијагностицирала абдоминална циста од која веќе страдала, и и рекла дека ќе исчезне сама. Таа во јануари требало да оди на ултра звук, но „цистата се родила сама“ еден месец пред тоа.

Извор и фото: srbijadanas.com