Владата вечерва на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот, информираат од Министерство за правда.
– Наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04 проценти, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, на партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари, соопшти Министерств за правда.
Изразено во евра, околу четири милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи.