Поголем дел од случаите и денеска се од Тетово. Од Центарот за јавно здравје Тетово и денеска апелираа на поголема внимателност, односно да се почитуваат здравствените препораки и да се носи заштитна опрема.
-11 се од Општина Тетово , по 3 се од општините Желино и Теарце и по еден случај имаме во општините Јегуновце и Брвеница. Имаме четири нови кластери и овие кластери тука да истакнам се од семејства, рече епидемиологот д-р Зорица Зафировска вработена во Центар за јавно здравје Тетово.
Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека дел од инфицираните лица ги кријат контактите што е ризично и преставува голема можност за создавање на нови жаришта на коронавирус.
-Апелирам до граѓаните да носат маски и да ги почитуваат здравствените препораки. Има дел кои ги кажуваат контактите, но иим и такви кои контактирале со позитивни лица и не кажуваа, рече д-р Зорица Зафировска епидемиолог Центар за јавно здравје Тетово
Вонредниот скрининг на населението во тетовско заврши деновиве. Неофицијално во рамки на скринингот има тестирано околу 200 лица, меѓу кои имало и позитивни на вирусот.
Зоран Димовски