Доктор вработен во кавадаречката Општа болница е позитивен на Ковид 19, потврдија од ЦЈЗ.
-Лицето е без симптоми. Работиме на обезбедување на неговите контакти” вели епидемиологот д-р Ристе Јовановски.
Ова е втор случај неделава на инфицирано медицинско лице. На почетокот на неделата беше дијагностициран корона вирус и кај медицинска сестра од болницата.
Ангел Данов