Официјален Пекинг ги користи телефонските податоци на повеќе од 355.000 луѓе за да ги пронајде и да бидат тестирани на корона вирусот во рамките на борбата со вториот бран на инфекцијата.
Новинарот кој работи за Асосиејшн Прес, Марк Шифелбајн открива дека власите го повикале бидејќи бил на пазарот Синфади, од каде започнал новиот бран на заразата со корона вирусот. Тој објаснува дека бил повикан од еден службеник и му рекол дека некој од неговиот телефонски број бил во близина на пазарот.
„Мислам дека ме следеле по телефонот. Ми рекоа дека треба да се пријавам на капијата од стадионот во близина со цел таму да ми направат тест на корона вирус“, раскажува Шифелбајн.
Официјален Пекинг вели дека 355.000 идентификувани луѓе треба да се тестираат на корона вирус, но не кажуваат како дошле до тие информации.
Според наодите на странските медиуми, 21 милион граѓани ставени се во карантин во склоп на мерката на кинеските власти со цел да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот. Престолнината на Кина се соочува со нов бран, бидејќи во претходните денови во Пекинг бројот на заразени е висок.
На граѓаните на Пекинг им се препорачува да не го напуштаат градот, бидејќи вирусот се проширил во уште четири провинции. Исто така над илјада летови се откажани од аеродромот во Пекинг, а дежурните служби се ставени на друг степен на подготвеност.
Првите случаи на корона вирус откриени се минатата недела, и биле поврзани со пазарот Синфали, од каде најверојатно започнува и вториот бран.
Во последните 24 часа откриени се уште 21 лице позитивно на вирусот, што е помалку во однос на вчера, каде беа дијагностицирани 31 новозаразен. Националната здравствена комисија соопштила дека претходните денови во Пекинг вкупно се откриени 158 нови случаи на корона вирус.