Русковска не е задоволна од висината на казната за Јовановски и Јанeва – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/20 11:03 AM

Русковска не е задоволна од висината на казната за Јовановски и Јанeва

Пресуда за обвинетите, но чантата Луј Витон со парите се уште нема траг, каде и во чиј џеб завршиле парите, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  Вилма Русковска смета дека најголем дел од парите завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева.

„Јас ссметам дека најгхолем дел од парите заминале во рацете на Бојан Јовановски и Катица Јанева, тоа е моето лично убедување. Со оглед на тоа што самите видовте се тоа што се сам си купувал без никаков приход, но и самите занете доаѓате од медиумски куќи колку чини финансирањето месечно со што кај него по договор на дело беа вработени навистина истакнати новинарски имиња во оваа држава“, изјави обвинителката Вилма Русковска, која истакна дека не е задоволна од висината на казната на двајцата обвинети за случајот „Рекет“.

„Задоволна сум посебно од осудителната пресуда, но не сум задоволна од висината на казната посебно за обвинетиот Бојан Јовановски, не очекував помалку од 10 години“, рече Русковска по пресудата за случајот „Рекет“ и најави жалби и за двајцата осудени.