Еден Грк во своето кафуле закачил слика и напишал: „Солунски фронт од моето и Солунски фронт од твоето детство“. И е во право, бидејќи да не беше човекот со деветмесечното бебе во раце снимен пред два дена на бугарско-грчката граница, Србите немаше да го видат Егејското Море.
Игор Милановиќ, стана симбол на “борбата” на српските туристи, кои тргнаа на море во Грција, но границите пред нос им беа затворени. Благодарејќи на неговата објава на социјалните мрежи се тргна како треба а туристите конечно заминаа на бањање.
Игор, конечно стасал во Ханиоти со бебето Ѓорге и сопругата Наташа. Колку станал славен зборува фактот што и Грците го препознаваат на улица, му приоѓаат да го видат и да го поздрават.
Гркот по име, Емилиос Валтос (43), кој е женет со србинка, и сопственик на коктел бар во Ханиоти, во локалот закаќил слика на која пишува: Солунски фронт на моето и Солунски фронт на твоето детство.