Нејасно е дали ќе има публика на „Ролан Гарос“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 6:28 PM

Нејасно е дали ќе има публика на „Ролан Гарос“

Отвореното првенство на Франција во тенис е одложено за уште една недела и ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври, потврдија организаторите на турнирот.

Квалификациите ќе се одвиваат од 21 до 25 септември. „Гренд Слем“ турнирот во Париз првично беше закажан за мај и јуни, како и досега традиционално, но поради пандемијата на коронавирусот беше одложен за 20 септември.

Дали ќе им се дозволи пристап на навивачите, засега е нејасно, но организаторите на „Ролан Гарос“ соопштија дека ќе работат со француската влада за да се обезбеди безбедноста на сите присутни.