Четвртфиналните дуели во сезоната 2019/20 во Лигата на шампионите ќе се одиграат во директен нокаут турнир кој ќе се одржи во Лисабон, Португалија, во август. Сите овие мечеви ќе се одиграат во 90 минути.
За четирите преостанати реванш дуели од 1/8 финалето, УЕФА допрва треба да донесе решение дали тие ќе се одиграат на стадионите на домаќините или и тие исто така ќе се одиграат на „неутрален“ во Португалија.
Четвтфиналните натпревари, полуфиналните и финалниот ќе бидат распределени на два стадиони во Лисабон, „Естадио до Спорт Лизбоа“ и „Естадио Жозе Алваладе“. Доколку има потреба, стадионите на Порто и Гимараеш ќе бидат резервна варијанта. Сезоната во ЛШ прекина на 11 март годинава.
Овогодинешното финале требаше да заземе место во Истанбул на „Ататурк“ стадионот, но поради пандемијата и објективните околности, тоа се одложува за 2020/21. Стадионот во Санкт Петерборг ќе биде домаќин на најсилното светско клупско натпреварување во 2022 година, додека пак „Алианц Арената“ во Минхен и „Вембли“ во Англија, ќе ги угостат европскиот фудбалски крем во 2023 односно 2024 година.