КБ Штип: Сестра од детска соба позитивна на ковид 19, шест медицински лица во изолација – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 1:25 PM

КБ Штип: Сестра од детска соба позитивна на ковид 19, шест медицински лица во изолација

Позитивна на ковид 19 е една медицинска сестра од детска соба во штипската Клиничка болница . Во текот на денот епидемиолози ЦЈЗ  прават епидемиолошки анкета  и до сега е препорачано  решение за изолација на шест медицински лица кои што биле во иста смена и имале контакт со заболената медицинска сестра, информираше на прес-конференцијата  директорот на  штипската Клиничка болница , Ален  Ѓеорѓијев.

,,Во моментов кога позитивната медицинска сестра била на работа  на одделението  имало седум родилки, дел биле од Штип, дел од околните градови. Сите се контактирани од страна на епидемиолозите и дадени се препораки како да постапуваат,“ образложи Ѓеорѓијев.

Тој информираше дека на Физикалното одделение, по утврдениот  еден случај , потврден е уште еден и тоа од медицинските лица кои што беа во изолација.

На инфективното одделение, каде што и понатаму на испомош доаѓа докторка епидемиолог од Струмица,  има 19 клинички  пациенти, два случаи се сомнителни и се очекуваат резултатите.

Од почетокот на епидемијата  до сега во штипската Клиничка Болница се заболени 10 медицински лица. Сепак вели Ѓеорѓијев, начинот на работата е така организиран , за да не се дозволи во вакви случаи  одделенијата да останат без персонал.