Паркот во Кавадарци се реконструира. Ќе се обновува тревната површина на околу 5000 м2, ќе се засадат околу 1200 садници со 40 нови видови дрва и грмушки. Исто така со реконструкцијата ќе се постави дополнително осветлување и систем за наводнување.
„ Како дел од програмата за животна средина, односно за нови хорти-културни површини беше влезен и градскиот парк за реконструкција, односно обнова на некои стебла кои не се парковски видови. Ќе ги извадиме и на нивни места ќе посадиме декоративни стебла и грмушки. Станува збор за отстранувањее на багреми, диви ореви, и самоникнати дрвја, а кои веќе се почнати да се сушат. Проектот е вреден 6,5 милиони денар. Во него е вклучена и една нова патека позади винската куќа, која ќе излегува директно на костурницата. По оваа патека ќе можат да се движат и лица со посебни потреби, колички за деца. До сега немавме таква патека, сите беа со скали и немаше пристап за децата со посебни потреби“ изјави Доне Илов од секторот за животна средина при општина Кавадарци.
Тој најави изградба и на два нови видиковци со урбана опрема. Ќе бидат поставени на локација во паркот од каде ќе се гледа целиот град. Според планираното, реконструкцијата ќе трае околу три месеци.
Ангел Данов