Премиер Лигата вечерва се враќа на терените – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 11:53 AM

Премиер Лигата вечерва се враќа на терените

После повеќе од три месеци и последниот премиерлигашки дуел помеѓу Лестер и Астон Вила, најдоброто фудбалско клупско натпреварување конечно се враќа на терените и пред малите екрани.

Од 19 часот на „Вила Парк“, екипата на Дин Смит ќе се обиде да освои три важни бода на реотворањето на сезоната, во заостанатиот дуел против овосезонското изненадување, Шефилд Јунајтед. Екипата од Бирмингем е претпоследна и од денес па понатаму секој меч за нив претставува посебно финале. Од друга страна, момците на Крис Вајлдер со победа денес имаат шанса да се приближат до местата кои водат до Лигата на шампионите и да ја продолжат нивната сезона од соништата.

Два часа подоцна ни следува дербито помеѓу Манчестер Сити и Арсенал. Арсенал во последно време не поминува најдобро на „Етихад“, но празните трибини и губењето на предноста на домашниот терен во тој поглед, совршена шанса е за довчерашниот асистент на Гвардиола, Микел Артета, да извлече нешто повеќе од овој меч.

Домашниот тим нема проблеми со повреди, францускиот дефанзивец Лапорте повторно се враќа во строј, додека пак кај Арсенал надвор од терените остануваат само Калум Чемберс и Лукас Тореира. Победа на Сити ќе значи и дефинитивно окончување на местото кое води во Лигата на шампионите следната сезона, а победа на Арсенал ќе ги врати надежите за играње во Европа во 2020/2021.

Во петок започнува целосното коло во Премиер Лигата и тоа со дерби дуелот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунатед и Норич-Саутемптон.