Црна Гора: Хаос во Будва, уапсен градоначалникот, некои граѓани во „војна“ со полицајците, други им делат колачи – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/20 9:41 AM

Црна Гора: Хаос во Будва, уапсен градоначалникот, некои граѓани во „војна“ со полицајците, други им делат колачи

Нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите се префрли и на локално ниво. Уапсени се градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ , како и претседателот на Советот на Општината, Крсто Радовиќ. Причина за апсењето наводно е нивното поддршка на литиите на Српската црква. Српски медиуми пишуваат дека градот е под опсада, а полицијата се пресметува со граѓаните што мирно го изразуваат револтот.

„Побједа“ и РТВ-Будва, пак, пишуваат дека разрешените Церевиќ и Радовиќ биле приведени откако не дозволиле во општинската зграда полициата да  внесе инспекторка на Управната инспекција, која требало да овозможи услови да почнат со работа привремените наследници на градоначалникот и претседателот на Советот. Дел од граѓаните на протест ги навредувале полицајците со „Усташи“ и други извици, а дел ги честеле со благо.

.