Патниците кои пристигнуваат во Велика Британија, влегувајќи во пропишаниот карантин, можеле да изберат дека доаѓаат и од земји кои веќе не постојат, како СССР, Југославија Чехословачка или Источна Германија, пренесува „Скај њуз“.
Власите признале дека се користела листа и со земји кои повеќе не постојат и сите кои влегувале на територијата на земјата требало да ја пополнат онлајн формата во рок од 48 часа.
Сега, грешката е исправена, но сè уште на листата ги има овие земји, бидејќи надлежните оставаат простор дека можеби некои од патниците се родиле во тие земји и им препорачаа сепак да го пополнат формуларот.
Дел од земјите не постојат со децении, како на пример Југославија, која се распадна пред три децении, потоа Јужна Родезија, холандските Антили…
Одлуката за задолжителен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија беше донесена пред една недела. Секој што доаѓа од странство, вклучително и британските државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тој временски период.