Ни короната не ги смени навиките во Скопје- Преполни со диви депонии општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 10:26 PM

Ни короната не ги смени навиките во Скопје- Преполни со диви депонии општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии, лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

-И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена- Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини. Апелираме до надлежните инспекциски служби да започнат да дејствуваат на терен и соодветно да ги санкционираат овие прекршувања на Законот за јавна чистота, со цел да се заштити животната околина и јавното здравје од потенцијалните штетни последици од ваквото несовесно однесување, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Тој посочи дека за да го одржиме максималното ниво на хигиената на јавните површини во градот Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, а не само на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.