Донесени протоколите за хотели и други угостителски објекти за сместување, ќе се применуваат од 22 јуни – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 4:29 PM

Донесени протоколите за хотели и други угостителски објекти за сместување, ќе се применуваат од 22 јуни

Владата денеска на седница донесе Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

-Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19, соопшти владината прес-служба.