Во случај да не сте слушнале или не сте сретнале на социјалните мрежи информација за новиот тренд, а тоа е дека и разводите се слават. Фигурите на младоженец и невеста кои обично ја красат свадбарската торта, свеќи и пиротехнички елементи не се повеќе само синоним кога нешто се слави, напротив тоа е само почеток и на еден креативен список. Според фотографиите тортите за развод се сериозен тренд во светот.
Зошто уживањето во еден сладок десерт би требало да биде ограничен само на вообичаено свечено случување? – Разводот секогаш се случува со причина, а за многу жени тоа е дури и добар чекор кон идината, кон новиот живот. Па затоа зошто да не го прославите новото поглавје?
Сега кога знаете дека дека тортите за развод се вистинската работа, време е да фрлите поглед на тоа колку луѓето биле креативни и колку вушност сакале да го обележат ова среќно за нив случување, и да го претворат во нешто позитивно.
Можеби ви делува смешно, но доколку вие поминувате низ ваков период, или некој ваш близок, обележувањето на овој ден може да ви го донесе се она што вам ви е потребно: неопходен заклучок, момент кога ќе исфрлите се од себе, радост за новата фаза од животот и лоши и убави работи кои ги оставате зад себе, а сето тоа со вашиот омилен десерт.
Затоа погледнете ги овие неверојатни торти за развод кои ако ништо друго барем ќе ве насмеат.
https://www.instagram.com/p/wKfml0imxX/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/6s-XMbvcIl/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/whA-0eyijO/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BfXyQt5H9Ll/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bg7byDIlQ9o/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bcxn3c9nLV_/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BYqj-DnF0zl/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bf2Bs9XDUiW/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BQT6KrSlsrF/?utm_source=ig_embed