Дали е здраво да се спие со миленичето? – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 8:00 PM

Дали е здраво да се спие со миленичето?

Повеќето луѓе сакаат домашниот миленик да им е блиску, дури и кога ќе одат да спијат, бидејќи некои тврдат, така побргу заспиваат. Но, дали сте размислувале колку тоа е сигурно за вашето здравје? Постојат различни и поделени мислења околу тоа, бидејќи постојат добри и лоши страни ако го делите креветот со вашето  милениче, а Pink Villa пренесува кои се тие.

Позитивни

Како тврдат лекарите, спиењето  заедно со кучето  има позитивно влијание на вашето ментално здравје. Расте нивотот на хормонот окситоцин, кој е одговорен за емотивна поврзаност , и го намалува лачењето на кортизол – хормон на стресот. Блискоста која ја чувствувате  кога сте покрај миленикот го намалува крвниот притисок, го намалува стресот и депресијата. Освен тоа, пријателството меѓу вас станува поцврсто, а со самото тоа се намалува и чувството на осаменост.

Негативни

Креветот ќе ви биде препол со влакна, а освен нив може да има и паразити, прашина и бактерии, доколку псоле секое шетање не го измиете и избришете убаво. Со време поради тоа би можеле да се разболите од астма или некои алергии. Многу лесно може да ви пренесат габична инфекција која може да ви предизвика проблем со кожата. Затоа пред да го примите миленичето во кревет, треба да го научите на хигиенски навики.