Нови искри меѓу индиската и кинеската армија: Во Кашмир убиени тројца индиски војници – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 11:04 AM

Нови искри меѓу индиската и кинеската армија: Во Кашмир убиени тројца индиски војници

Тројца индиски војници се убиени синоќа во вооружен судир на кинеската граница, соопшти денеска официјален Њу Делхи. индиската армија, по неколкунеделните тензии долж границата помеѓу двете држави. Загинале еден офицер и двајца војници.

Со недели трае напнатата сосотојба меѓу двете армии на границата на двете земји со 2,7 милијарди жители. Во мај имаше и физичка пресметка меѓу стотици војници од двете восјки. Индија донесе и засилување од воени возила и артилерија, а слично сторила и Кина.

Високи воени претставници на двете армии во моментов се состануваат на местото на настанот за да ја смират ситуацијата, пренесува Дојче Веле.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека индиски војници на двапати ја преминале границата вчера и провоцирале.