Панчево: Нема одбивање кога ќе те запроси цел баталјон пожарникари – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/20 10:09 AM

Панчево: Нема одбивање кога ќе те запроси цел баталјон пожарникари

Немања Диниќ, пожарникар-спасител од Панчево, Србија, веднаш по показната вежба што ја имале во центарот на градот, ја запроси својата девојка Дина. Неговите колеги од баталјонот пожарникари му помогнаа тој чин да остане оригинален и незаборавен.

„Поддршка на Диниќ му дадоа колегите од Притивпожарно-спасувачкиот баталјон, како и граѓаните што ја набљудуваа вежбата на гасење пожар во висок станбен објект. Честитаме!“, пишува под фотографиите на Фејсбук страницата „Сектор за вонредни состојби – МВР Србија“, а пренесуваат српски медиуми.