Луѓето се делат на доби и лоши- Чесен пронаоѓач на чанта со пари, ги врати на сопственикот – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 9:13 PM

Луѓето се делат на доби и лоши- Чесен пронаоѓач на чанта со пари, ги врати на сопственикот

Тренерот на БК „Шкупи“ и репрезентација Насер Харуни е херој на денот. Тој пронајде чанта со пари, но како совесен граѓанин го пронајде сопственикот и ја врати.Парите што ги најде ги врати на неговиот спортски колега,  Ѓокица Стојановски, поранешниот голман на Вардар.

      Насер Харуни и Ѓокица Стојановски

„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта. Од љубопитност ја отворив чантата гледам во неа имаше паричник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари. По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. „Вера Јоциќ“.  Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта. Зборував со соседите, го повикаа на телефон и за 10 минути стаса заедно со своето семејство. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта, вели Харуни и додава:

„ Ме праша од каде сум и како се викам.  Од радост викаше: „О, Господе, и извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене“. Секако,  му реков нема потреба, но тој инсистираше, вели,  барем за кафе или ручек  со семејтвото . Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно, ќе пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар“ – напиша Харуни на Фејсбук.