За изборниот процес има протоколи за ниеден учесник да не биде доведен во ризик, вели Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 3:21 PM

За изборниот процес има протоколи за ниеден учесник да не биде доведен во ризик, вели Филипче

Целосно сме на располагање за соработка со Државната изборна комисија (ДИК) за безбедно да се спроведат изборите, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дали ќе има зголемен ризик од трансмисија на вирусот за учесниците во изборите, за гласачите и членовите на избирачките одбори.

Рече дека имало и ќе има состаноци на Комисијата за заразни болести и  ДИК за да се решат сите отворени прашања, а предвиден е и протокол кој, како што рече, точно утврдува како да се спроведе процесот и што треба сите учесници да направат.

– Тој протокол е врз основа на медицински и епидемиолошки аргументи, а дистанцата, честата дезинфекција и заштитната маска се основни за кој било процес да го направат безбеден. Непочитувањето на мерките го зголемува бројот на заразени, истакна Филипче.

Посочи дека протокол ќе има и за членовите во избирачките одбори за кои основно е, исто така, носењето маски, заштитни ракавици и честа дезинфекција, како и за гласањето во домашни услови, нагласувајќи дека ниеден учесник во изборачкиот процес нема да биде доведен во ризик.