Хонгконг: Дизниленд се отвора на 18-ти јуни – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 2:13 PM

Хонгконг: Дизниленд се отвора на 18-ти јуни

Дизниленд во Хонгконг, кој беше затворен поради пандемијата предизвикана од коронавирусот крајот на месец јануари, ќе продолжи со работа од 18-ти јуни.

Тематскиот парк ќе работи со намален капацитет, со ограничен број на посетители додека на сила се мерките за заштита на здравјето.

Најголем број на продавници и ресторани во овој тематски парк ќе започнат со работа со ограничен број на потрошувачи, и со почитување на мерките за социјално дистанцирање, додека работата на хотелите во состав на комплексот исто така постепено ќе се враќа во нормална состојба.

Дезинфекција на просторот ќе се врши често, додека средствата за дезинфекција на рацете ќе бидат достапни за користење на посетителите.

На влезот на секој посетител ќе му биде мерена температура, додека носењето на маски ќе биде задолжително.

Хонгконг во последните 24 часа пријави само неколку нови случаи на заразени.Бројката вкупно изнесува 1.110 позитивни случаи, со четири смртни случаи како последица на Ковид- 19 од почетокот на епидемијата.

Иако во Хонгконг многу рестриктивни мерки кои беа воведени како мерка за заштита од коронавирусот веќе се поблаги, границите и понатака се речиси во целост затворени, а собирањето на повеќе од осум луѓе сеуште е забрането.

 

 

 

 

Извор: vesti-online.com