(Видео) Не не пуштаат во Грција- Српските туристи заглавени во Бугарија, 15 километри колона – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 1:12 PM

(Видео) Не не пуштаат во Грција- Српските туристи заглавени во Бугарија, 15 километри колона

Туристи од Србија, Ромунија, Бугарија и БиХ, масовно  тргнале денес за грчките летувалишта, но до нив стопирани се на пола пат. Грчкиот министер за туризам најавил дека границата со македонија нема да се отвора до 1 јули, а на границата со Бугарија се уште не ги пуштаат српските туристи.

Бугарите ги враќале граѓаните на Србија  и БиХ, раскажале туристи кои се уште чекаат на граничниот премин Кулата – Промахонас.

Ова довело до создавање на километарска колона дури и до 15 километри. Грците најавија дека гранизата ќе ја отворат денес во 23 часот иако имало неофицијални информации дека тоа ќе биде денес на пладне, во 12 часот, па затоа  голем број туристи  побрзале кон Грција.

-Не вратија од Евзони. Ни рекоа дека е затворено, но и дека работите можеби би можеле да се сменат до утре. Ниту, пак, грчките граничари немаат конкретни и сигурни информации, јавиле туристите кои денес тргнале за Грција и се заглавени на граница.

Извор: blic.rs