Во моментот во Хрватска летуваат 115.000 туристи, петпати помалку од истиот период лани – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/20 9:41 AM

Во моментот во Хрватска летуваат 115.000 туристи, петпати помалку од истиот период лани

Во Хрватска во моментот летуваат околу 115.000 туристи, што е само 20 отсто во однос на истиот период лани, а најпосетени сега се Истранската, Приморско-горанската и Задарската жупанија, изјави Гари Капели, хрватски министер за туризам.

Тој рече и оти оваа година се очекуваат околу една третина од ланските приходи во туризмот.

Во моментот најбројни се домашните туристи, а само во последните 24 часа пристигнале и 20.000 странци. Од почтокот на месецот, па до 13 јуни, во Хрватска имало 188.000 туристи со остварени еден милион ноќевања.