Двомесечна срна викендов е спасена од вљубеникот во природата Миодраг Ќириќ од Мали Зворник. Уплашеното животно уплашено претало зглавено меѓу две карпи и се обидувало да се извлече од нив и да излезе од водата, но безуспешно, пренесуваат повеќе медиуми.
„Беше премрзанато зашто утрото е студено, а водата уште повеќе, но некако успеало да преплива до другата страна на реката веројатно бегајќи од некои посилни животни. Мокро и преплашено, ме гледаше. Полека се спуштив низ стрмниот брег за да го извлечам. Внимателно му пријдов на срнчето, го ослободив од карпите, го зедов во прегратка и го однесов до автомобилот, каде што го загреав во ќебе. Веднаш ги повикав луѓето од малозворничкото ловечко друштво ’Црн врв“’, раскажува Миодраг.
Срничката ја презеле луѓето од „Црн врв“, ќе биде однесена на преглед кај ветеринар, а откако ќе закрепне и малку потпорасне, ќе биде вратена во природата.