Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека Русија развива средства кои ќе имаат за цел да се спротистават на хиперсоничното оружје на другите земји.
-Многу е веројатно дека ќе имаме средства за борба против хиперсоничното оружје во време кога водечките светски сили ќе почнат да поседуваат такво вооружување, рекол претседателот Путин, а пренесува новинската агенција „РИА“.