Србите слават! На одмор во Грција преку Македонија, Владата ги отвори границите за транзит – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 12:42 PM

Србите слават! На одмор во Грција преку Македонија, Владата ги отвори границите за транзит

Српските медиуми до вчера ја најавуваа првата тура туристи за Грција, кој утре треба да тргне, но преку Бугарија, место преку Македонија поради затворените граници. Но, утрово медиумите во Србија рано рано ја објавија „радосната вест“, дека не мора да кружат преку Бугарија, турку преку граничниот премин Табановце на влез и само преку граничниот премин Богородица на излез можат да поминат низ држќавава, на пат  кон грчките плажи.

Владата синојка донесе одлука со која странски државјани ќе можат да останат во Македонија најмногу пет часа пред да излезат од земјата. Од утре ќе биде отворен  само преминот Богородица / Евзони кон Грција,  додека Дојран останува затворен.

 

Владата усвои протокол за транзит на туристите на премините од аеродромот Скопје, Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Скопје. Транзитот на туристи подразбира влез на едниот граничен премин и излез на друг, а ќе може во Македонија да останат максимум пет часа без скршнување од рутата.

Ова ќе биде потврдено со изјава која патниците ќе ја пополнат на влезот во Македонија, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата.