Утврден протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Девер Баир, Богордица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/20 8:30 AM

Утврден протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Девер Баир, Богордица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје

 Владата на 66-та седница донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на земјава, со кој се  утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, да ги користат  гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.
-Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот, стои во соопштението од владината прес-служба.