Полицијата соопштила дека е приведено 24годишното момче, осомничено дека си ги убил бабата, дедото и вујкото, кои живееле во околината на Домжале, Словенија. Според соопштението на полицијата, момчето употребило неидентификуван остар предмет и со него им нанел повреди на роднините стари 81, 74 и 51 година, пренесува агенцијата СТА.
Сите три жртви починале на лице место. Осомничениот е уапсен на местото на злосторството и изведен пред истражен суд.