Почина и таткото на Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, која со полициска придружба денеска била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.
Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.
Инаку татко на Јанева беше Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.
Јанева в четврток ја очекува пресудата за случајот „Рекет“ како првообвинета.