Кога ќе дојде време до свадбата сите се радуваат, почнувајќи од младоженците, со блиските роднини и пријатели. Тоа е ден кога се слави љубовта. Но, не е така и за маж од Индонезија, кој со невестата ги поминале сите свадбени адети, но се развел од неа само два дена откако се венчале. Зошто? Првата брачна ноќ била доволна за да сфати дека невестата не е жена туку маж.
Мух ја запознал Мита преку Фејсбук. Неколку месеци биле во виртуелно заедно во врска, а кога се сретнале на младоженецот му проработила емоцијата уште посилно кон “неа”.
Кога ги информирал родителите дека зака да ја запроси, тие на „невестата“ во нејзината куќа и донеле мираз од 1.250 евра. Потоа е случило и венчавањето.
Мита на свадбата преку лицето имала прекривка, па никој не видел ништо сомнително. Но, после веселбата дошло време за првата брачна ноќ и Мита го одбила Мух, нетипично за ваква ноќ.
Младоженецот поверувал дека невестата имала трема па не ја присилил на секс. Следниот ден , „таа“ повторно го одбила за секс, по што тој открил дека покрај себе има маж. Локалните медиуми не пишуваат како го открил тоа, но ете го открил, за среќа.
Мита всушност бил Ади, кој откако бил откриен побегнал и сега по него трага полицијата. Ади, вистинското име на „невестата“, исчезнал од куќата на младоженецот веќе третиот ден од бракот, кога Мух и поднел барање за развод.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=293079065429692&id=117227843014816&__xts__%5B0%5D=68.ARCccUVR37A1OlJLikbjJRfQQevXhToqGmRwxVxQLtxtCdp-TXPdr9ltc3uon_x7ZsXtAnNvHh4vO1TQC80N-UMrXGMVdqECgB1Fc5KAWAqm4B7nnD-ZNPCH-SldD7VvWui8xi3Bsxt-OdqVXTTUhssjrpv6iQC6AqgD563vylVKa_9g07GADmHVnR4JAx9Kes1RL_Xybvf3-9NgpsQSsJ3pXdBJa3t9V9uwUjDGF3KJeupCL_HyVnEvCL4KwSgbZI5aweHbi8BJGHd7ECew0XTdf5XHNdCk1QLRcYgCDID3PHld5jy1OIXDyd_A4UEYVdh8blMswtE-F-qVlfQ2bLs&__tn__=-R