Владата на вчерашната 65-та седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.
Остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, беше одлучено синоќа.