Дубаи најверојатно има најголем автомобилски отпад од удрени, напуштени или конфискувани луксузни автомобили во светот. Со оглед на тоа што на улиците во овој блискоисточен град може да се видат неверојатен број на супер спортски и луксузни модели, не е големо изненадување дека таквата состојба се пресликува и на отпадот за автомобили.
Вистинска реткост е да се видат едно до други Rolls-Royce Wraith, Lamborghini Gallardo, Mercedes-AMG GT S, Ferrari California T, Bentley Bentayga i Mercedes-AMG G63, но е посебно љубопитно кога ваквите возила се наоѓаат во еден отпад за автомобили.
И додека некои од овие скапи автомобили беа отпишани затоа што претрпеа голема штета, други – како белиот Ferrari California T од почетокот на видеото, изгледаат недопрени, па се претпоставува дека биле запленети или поради некоја причина напуштени од нивните сопственици.
Споменатиот Ferrari California T може да се купи во Обединетите Арапски Емирати за околу 100.000 долари, додека овој од отпадот може да се добие на аукција за половина од износот со малку среќа.