Ако имате редовен секс мозокот работи подобро – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/20 11:01 PM

Ако имате редовен секс мозокот работи подобро

Редовниот сексуален живот помага да се задржи човекот во форма, како во адолесценцијата, така и во староста. Редовниот секс го прави мозокот да функционира подобро, велат данските научници.

Тестирањата на данските истражувачи покажаа дека постарите партнери кои не се откажале од секс, покажуваат подобра функција на мозокот на 71 година. Тие имаат подобра меморија, ги обработуваат информациите побрзо, демонстрираат поголема интелигенција и општи когнитивни функции. Според научниците, добар сексуален живот може значително да ги забави знаците на деменција кај постарите лица.

Тие исто така сметаат дека постои тесна врска помеѓу сексот и интелектот во помлада возраст. Паровите кои имаат секс секој ден ја зголемуваат можноста за раст на нервните клетки во мозокот. Вљубувањето и првите љубовни врски исто така ја стимулираат мозочната активност.

Експериментите со стаорци од истражувачите од Универзитетот во Мериленд покажаа дека сексуалната активност кај глодарите ги подобрува нивните ментални способности, пишува „Дејли мирор“.