Без договор заврши средбата на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со претседателот Стево Пендаровски околу одржувањето на изборите, а комуникацијата на лидерите ќе продолжи.
-Не успеавме да постигнеме договор, оставивме можност во текот на утрешниот ден доколку треба да се слушнеме и нема да дадеме дополнителни коментари во делот на изјавата, ниту даваме одговор на прашањето, изјави Заев.
И Мицкоски во куса изјава рече дека до овој момент се уште нема договор.
Кабинетот на Претседателот во соопштение наведе дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.
-На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе, стои во соопштението.
Средбата, што почна во 18:30 часот вечерва, уследи по денешниот повик од Пендаровски за решение за изборите за кои порача дека треба да се одржат но да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.
Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор за датумот за изборите, што беа одложени поради кризата со КОВИД-1